Заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Браќа Миладиновци“ од Осиек на 13 јуни 2015 година по 18. пат заедно ја организираа културната манифестација „Денови на браќата Миладиновци“. Настанот традиционално се организира во Ѓаково, вечното почивалиште на големиот Бискуп, пријател и мецена на Струшките браќа, а оваа година беше во чест на 200-годишнината од неговото раѓање и 110-годишнината од неговата смрт.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 95.
































