Изборна настава на македонски јазик и култура во Загреб

Изборна настава на македонски јазик и култура во Загреб

На 10 септември 2015 година започнува со работа изборната настава на македонски јазик и култура по моделот Ц за ученици до осмо одделение во Загреб. Наставата ќе се одржува во ОУ „Аугуст Харамбашиќ“ во две воспитно-образовни групи.

Распоред на одржување настава:

– ученици на одделенска настава или мала група – четврток и петок од 17.30 часот

– ученици на предметна настава или голема група – четврток и петок од 19.10 часот

Изборна настава на македонски јазик и култура по моделот Ц во ОУ „Никола Тесла“ во Загреб:

– петок од 13.00 до 15.00 часот

– сабота од 10.00 до 12.00 часот

Наставничка на изборната настава на македонски јазик и култура е Деспина Белчовска Велинска.

СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ за следење на наставата можат да се пријават во ОУ „Аугуст Харамбашиќ“, во ОУ „Никола Тесла“ во Загреб или на наставничката Деспина, моб: 098/ 91 64 108.

Comments are closed.