На 30 октомври 2015 година, за прв пат започна со работа изборната настава по македонски јазик и култура (модел Ц) за ученици во средно училиште. Според изготвената наставна програма за средно училиште, на барање на Заедницата на Македонците во РХ истата беше одобрена од Министерството за наука, образование и спорт на РХ. Наставата ќе се одржува во Првата гимназија во Загреб во две групи.
Распоред на одржување настава:
Почетна група – петок од 14.15 до 15.00 часот
Напредна група – сабота од 14.15 до 15.00 часот
Наставата ја води Тинка Барбутов Крстева, професорка по македонски јазик и книжевност.
СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ за следење на наставата можат да се информираат во Првата гимназија, Авенија Дубровник 36, 10 010 Загреб, тел: 01/ 66 01 153 и 01/ 66 01 665 или на е-пошта: info@prva.hr








