Македонска „Ноќ на книгата“ во Загреб

Македонска „Ноќ на книгата“ во Загреб

  

  

  

  

  

Манифестацијата „Ноќ на книгата 2016“ организирана е на „Денот на хрватската книга“, 22 април, а во пресрет на „Светскиот ден на книгата и авторските права“. Втора година по ред поттик на културата на читање даде и Заедницата на Македонците во РХ. Во соработка со МКД „Охридски бисер“ од Загреб се одржа книжевна вечер под назив „Запознајте ја македонската поезија“. Гостите имаа прилика да уживаат во поезијата на Петре М. Андреевски, во презентацијата на книги во издаваштво на ЗМРХ и читањето поезија на македонски јазик.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 100.

Comments are closed.