Заедницата на Македонците во Република Хрватска на 9 јуни 2016 година во салата на Трибината на Град Загреб свечено го промовираше јубилејниот 100. број на своето списание „Македонски глас“, кое континуирано се печати од 1993 година. Покровител на промоцијата беше Советот за националните малцинства на Република Хрватска. Својата поддршка ја изрази и претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 101.