Во рамките на културната манифестација „Хрватско-македонски културни врски“ која ја организираа Заедницата на Македонците во РХ и МКД „Македонија“ од Сплит под покровителство на Советот за националните малцинства на РХ, на 26 ноември 2018 година во просториите на Друштвото се одржа трибина на тема „Делување на Македонската православна црква во Република Хрватска“ – Автокефалноста на Македонската православна црква, Охридската архиепископија и 15-годишнината од потпишувањето на договорот помегу Владата на Република Хрватска и Македонската православна црква. Предавач на трибината беше парохискиот свештеник, протојереј-ставрофор Кирко Велински.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 116.












