Во рамките на манифестацијата „Творештво на македонски уметници во Хрватска“ на 18 јуни 2019 година во Научната библиотека Задар се одржа отворање на изложбата уметнички слики насловена „Галоп на коњи“ на македонските автори академските уметници Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје. Изложбата ја организираше МКД „Билјана“ во соработка со Заедницата на Македонците во Р. Хрватска, а под покровителство на Советот за националните малцинства на Р. Хрватска.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 119.


















