Културната манифестација „23. Денови на браќата Миладиновци“ заради пандемијата на ковид-19, сепак, нема да се одржи во месецот на липите, туку кон крајот на септември и почетокот на октомври 2020 година. Оваа традиционална манифестација е една од најважните активности на МКД „Браќа Миладиновци“ од Осиек што се организира во соработка со Заедницата на Македонците во Република Хрватска, а под покровителство на Советот за националните малцинства на Република Хрватска, и му е посветена на бискупот Јосип Јурај Штросмаер во знак на благодарност за пружената помош на браќата Константин и Димитар Миладинов за печатењето на Зборникот македонски народни песни во далечната 1861 година.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 125.