Годинава се одбележуваат 10 години од работата на МКД ИЖ „Св. Кирил и Методиј“ и 25 години од формирањето на МПЦО „Св. Јоаким Осоговски“ од Пула. Културната манифестација „Денови на глаголицата во Истра“, Македонското културно друштво на Истарската жупанија „Св. Кирил и Методиј“ од Пула ја одбележува од самиот почеток на своето конституирање и тоа во два дела, првиот се одржува во мај, а другиот во октомври. Оваа година, бидејќи беше и сѐ уште е актуелен коронавирусот, „Деновите на глаголицата во Истра“ се одложени за на есен. Оваа културна манифестација е во организација на МКД од Пула и Заедницата на Македонците во Република Хрватска, а под покровителство на Советот за националните малцинства на Република Хрватска, Истарската жупанија и Градот Пула.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 125.