Од 1 март до 21 април 2021 година во тек е реализација на Попис на населението, домаќинствата и становите во РС Македонија, со кој опфатени се и државјаните на РС Македонија кои по било која основа престојуваат во странство.
Клучот за спроведување на попишувањето е Единствениот матичен број на граѓанинот – ЕМБГ на лицето, кое се попишува по пат на самопопишување / саморегистрација преку пописната апликација до која може да се пристапи преку следниве веб-страници:
https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx
На следниот линк се достапни сите податоци за начинот на попишување:
https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1767/informacii-za-popis-2021
За било какви информации / консултации Амбасадата на РСМ во Загреб стои на располагање на следниве телефонски броеви:
01/ 45 72 812 – Амбасада на РСМ Загреб
091/ 60 48 000 – дежурен број
099/ 34 37 335 – Назиф Џафери, вршител на работи
091/ 33 30 405 – Смиљана Трпковска, конзуларно админ. референт








