Милан Бандиќ одигра исклучителна улога за Македонците во Загреб

Милан Бандиќ одигра исклучителна улога за Македонците во Загреб
Ден на независноста на Македонија 2019 г.
На Велигденска изложба во 2017 г.
Велковска и Бандиќ
На последниот Божиќ во црква
Во посета на новата МПЦ во Загреб
Во Скопје на доделувањето на орденот
На „Македонска вечер“ во Загреб 2019 г.
Последен поздрав

Загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ, кој по многу нешта ќе остане запаметен во Загреб, Хрватска и пошироко, македонската заедница во Загреб ќе го помни по добри дела.

Во бројните телеграми со изрази на сочувство до семејството и соработниците, беше и упатената од Заедницата на Македонците во Република Хрватска:

„Како што беше неуморен во својот 21-годишен мандат во водењето на Загреб, така беше неуморен и во давањето поддршка на националните малцинства во РХ. Беше вистински и искрен пријател на македонското национално малцинство во РХ, голем добротвор и поддржувач на нашите активности и програми, на што сме му бескрајно благодарни. Со неговото прерано заминување останува ненадминлива загуба за сите нас кои ја почитуваме и цениме неговата работа“, е наведено меѓу другото, во телеграмата од Заедницата на Македонците во РХ.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 129.

Comments are closed.