Изложба “Творештво на македонски уметници во РХ” – Задар

Изложба “Творештво на македонски уметници во РХ” – Задар

На 27 септември 2021 година, во соработка со Заедницата на Македонците во Република Хрватска, а под покровителство на Советот за националните малцинства на Р. Хрватска, МКД „Билјана“ од Задар, во холот на Градската библиотека Задар ја отвори изложбата „Слика што зборува“ од авторката Оливера Вапска од Шибеник, во рамките на културната манифестација „Творештво на македонски уметници во Хрватска“. Промотор на изложбата беше Милена Георгиевска, главна уредничка на „Македонски глас“. Изложбата е резултат и на соработката на МКД „Билјана“ со невладината организација „Хрватско-македонска тангента“ со седиште во Шибеник.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 133.

Comments are closed.