Замина уште една племенита душа. Владо Чакмак, добриот дух во редакцијата на „Македонски глас“ задолжен за компјутерска обработка на списанието во последните 16 години.
Замина мирно, тивко, онака како и што го живееше животот.
Некои луѓе ги пишуваат приказните на нивниот живот, ние новинарите ги пишуваме туѓите приказни, а Владо сето тоа го обликуваше во „Македонски глас“, со својот специфичен и препознатлив стил, едноставно, онака како што само тој замислуваше и сакаше.
Редакцијата на „Македонски глас“ и Заедницата на Македонците во Република Хрватска изразуваат искрено и длабоко сочувство до семејството!
И конечно, Владо Чакмак беше голем господин, во таа смисла се простуваме од господинот со љубов!
Почивај во мир добар човеку!










