И годинава, по повод „Меѓународниот ден на книгата и авторските права“ и „Денот на хрватската книга“, во Хрватска се организираше традиционалната манифестација „Ноќ на книгата“. Заедницата на Македонците во РХ во соработка со МКД „Охридски бисер“ од Загреб учествува на оваа манифестација веќе осум години по ред, па така, на 23 април се одржа македонската „Ноќ на книгата“. Темата беше „Запознајте го македонското современо книжевно творештво“, со наслов „Слободата е птицата во лет и татковината во пролет“ преку претставување на мотиви на слободата, татковината и пролетта во македонското народно творештво и современата поезија, а во изведба на членовите на работилницата по македонски јазик за возрасни при Друштвото и на студентите на Катедрата за македонистика при Филозофскиот факултет во Загреб. Програмата ја водеше водителката на работилницата, Лидија Бариќ.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 136.














