Ден на Заедницата на Македонците во РХ

Ден на Заедницата на Македонците во РХ

„Денот на Заедницата на Македонците во Република Хрватска“ оваа година беше одбележан во Пула, на 21 октомври 2023 година, во салата на „Ќирколо“ – Заедница на Италијанците во Пула и под покровителство на Советот за националните малцинства на Република Хрватска. На манифестацијата беше претставена досегашната работа на секциите на сите МКД-а во состав на ЗМРХ со настапи на фолклорни, пејачки, инструментални, рецитаторски, детски и етно групи. Исто така, беше поставена изложба на списанието „Македонски глас“ во издание на ЗМРХ, како и ликовни и етно ракотворби од етно работилниците на друштвата. Манифестацијата ја увеличаа и многу угледни гости, званици и посетители.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 145.

Podijelite ovu objavu:

Comments are closed.