Збогум драга Цветанка

Збогум драга Цветанка

По кратко боледување, на 28 мај 2024 година почина нашата драга сонародничка Цветанка Шестан. Родена е во 1948 година во битолското село Оптичари во семејството Пискуловски. Од 1966 година живее во Хрватска со семејството, најпрвo во Задар, а подоцна во 1975 година се преселиле во Загреб, каде и останува до крајот на животот.

Како горда Македонка беше членка на МКД „Охридски бисер“ од Загреб уште од неговите почетоци. Беше активна во сите секции, особено во пејачката група „Моми бисерни“, во фолклорната група „Китка“, во етно работилницата и во кулинарската секција. Беше членка и на Управниот одбор на Друштвото. Учествуваше во организацијата на бројни настани и активности, секогаш подготвена да помогне, бидејќи работата и дружењата ја исполнуваа. МКД „Охридски бисер“ беше нејзиниот втор дом, како често велеше.

Нејзиното заминување остави голема празнина, но ќе остане запаметена по убавите сеќавања како топла и искрена пријателка. Беше неизмерна чест да се познава една таква драга, друштвена и вредна личност каква што беше Цветанка.

Нека ти е вечна слава за сѐ. Почивај во мир.

Искрено сочувство до семејството.

Comments are closed.