Трибината „Хрватско-македонски културни врски“ во организација на Заедницата на Македонците во РХ и Македонското културно друштво на Истарската жупанија „Св. Кирил и Методиј“ од Пула под покровителство на Советот за националните малцинства на РХ се одржа на 11 јули 2024 година во просториите на Друштвото. Водители на трибината беа Маја Грегл и Јанко Жуфиќ, а говореа на тема „Македонски филм во Арена“.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 150.