Долговечноста на „Македонски глас“

Долговечноста на „Македонски глас“

Во Загреб, на свечен настан полн со емоции и гордост, на 12 октомври 2024 година беше отворена изложба по повод јубилејното печатење на 150. број на списанието „Македонски глас“, кое повеќе од три децении го издава Заедницата на Македонците во Република Хрватска. Настанот се одржа во просториите на македонскиот Културно-информативен центар каде што беа присутни бројни посетители, културни дејци, новинари и почитувачи на македонската култура и традиција, потоа членови на редакцијата и редакцискиот одбор, претседатели на македонските културни друштва при ЗМРХ, но и ученици кои учат Македонски јазик и култура во Хрватска со нивните наставнички.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 151.

Comments are closed.