Во организација на Заедницата на Македонците во РХ и МКД „Охридски бисер“ од Загреб, на 16 декември 2024 година во просториите на ЗМРХ се одржа културната манифестација „Хрватско-македонски културни врски“. Трибината беше на тема „Мостови на традицијата и фолклорот: Етно наследство на Македонија и Хрватска“, а настанот се реализираше под покровителство на Советот за националните малцинства на РХ. Трибината ја водеа Силва Млачиќ, водителка на етно работилницата на МКД “Македонија” – Сплит и Виолета Штерјова, водителка на етно работилницата на МКД “Охридски бисер” – Загреб.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 152.