IZRAZI SUCUTI POVODOM TRAGEDIJE U GRADU KOCANI
По повод на незапамтената трагедија во градот Кочани во Македонија, а согласно и солидарно на тоа, Заедницата на Македонците во Република Хрватска со Македонските културни друштва во нејзиниот состав, од денес прогласува седумдневна жалост и се откажуваат сите закажани и планирани културни настани и активности.
На сите семејства што ги изгубиле своите најмили им упатуваме најискрено сочувство, а на сите повредени им посакуваме што поскоро оздравување.
Претседател на ЗМРХ, Илија Христодулов









