И годинава во интернационалниот камп „Еуроклуб“ во Рогач на Шолта се одржа Летното училиште по македонски јазик. Ова е петта година како се организира, а наменето е за децата од мешаните македонско-хрватски бракови кои живеат во Хрватска, но доаѓаат и ученици од Србија, Босна и Херцеговина, Мала Преспа – Албанија… Интерес за изучување на македонскиот јазик покажуваат и хрватските ученици кои немаат македонски корени, а сакаат да се запознаат со убавините на Република Македонија со нејзината историја, култура, географија, музика, јазик.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 72.














