На 23 октомври годинава, Заедницата на Македонците во РХ во своите простории во Загреб, оствари средба со делегацијата на најстариот и прв македонски дневен весник „Нова Македонија“, кој деновиве одбележува 67 години од основањето, односно од печатењето на првиот број. Повод за средбата беа седумте комплети македонски речници од Блаже Конески, во издание на „Детска радост“ од Скопје, кои директорот на „Нова Македонија“, Ратко Лазарески, ги подари на друштвата од Загреб, Задар, Риека, Сплит, Осиек, Пула, и на Заедницата.
Средба со делегација од „Нова Македонија“: Донација вредна за почит
