Состојки
80 дкг телешки гради, 50 дкг ситен кромид, 6 чешниња лук, црвен бибер, масло, оцет, сол
Подготовка
Јадењето подготвувајте го во земјен сад со добар капак (грне). Исечете го месото на коцки. Олупете го кромидот и насецкајте го ситно. Очистете го лукот и притоа оставете ја последната лушпа. Сето тоа заедно посолете го, забиберете, додадете го маслото, промешајте и ставете го во земјениот сад. Додадете вода колку треба за јадењето да биде покриено. Добро поклопете го садот и полека и долго варете го јадењето на ниска температура. Ова јадење е познат специјалитет на македонската кујна и има извонреден вкус.
Охридски чомлек
Состојки
70 дкг јунешко месо, 50 дкг ситен кромид, главица лук, толчена црвена пиперка, 1 дцл црно вино, 10 дкг путер, магдонос, лорберов лист, сол, бибер
Подготовка
Исечете го месото на помали коцки. Очистете ги кромидот и лукот, а магданосот ситно насецкајте го. Во подлабок земјен сад ставете ги сите состојки, зачинете ги и сето тоа добро измешајте го. На крајот залите го со вино и одозгора наредете листови од путер. Поклопете го садот и споро варете го јадењето на тивок оган пар часа. Од брашно и вода направете тесто што ќе го залепите на работ од садот и капакот за да дихта подобро.
Охридски чомлек 2
Состојки
60 дкг говедска плешка, 50 дкг кромид, 4 главици лук, лажица мелен пипер, 10 дцл вода, 1 дцл оцет, сол, бибер
Подготовка
Во земјено грне ставете сецкано месо, нарибан кромид, лук, мелен пипер, оцет, сол и бибер и сето тоа залите го со вода. Јадењето полека варете го 2–3 часа. Кога е месото варено, истиснете во јадењето сок од варен лук, па по желба докиселете со оцет или вино. Ова јадење е чорбасто, па затоа се послужува во длабоки чинии за супа.
Охридски чомлек 3
Состојки
800 гр телешко месо, 700 гр ситен кромид, 5 чешниња лук, лажица мелен црвен пипер, неколку зрна бибер, 2 лажици зејтин, 2 лажици оцет, сол
Подготовка
Очистете ги лукот и кромидот, а месото исечете го на поголеми парчиња. Во земјен сад наредете го месото, преку него кромидот и лукот и така продолжете додека не ги потрошите сите состојки. Додадете сол, бибер, црвен пипер, зејтин, оцет и надолите толку вода да го покрие јадењето. Добро поклопете го садот и и варете на умерен оган додека месото сосема не омекне и не испари скоро целата течност.