Состојки
500 гр мелено мешано месо (телешко и свинско), 1 краешник стар леб потопен во малку млака вода, 1 главица кромид, 3 чешниња лук, свеж магдонос, 1 јајце, бибер, сол, брашно, зејтин
Подготовка
Лебот исцедете го. Кромидот, лукот и магдоносот исечкајте ги ситно и помешајте ги со меленото месо. Додадете го лебот и јајцето и зачинете. Од смесата обликувајте ги ќофтињата, обложете ги во брашно и пржете ги во тава на врел зејтин со вртење од сите страни додека не добијат златноцрвена боја. Служете ги со топли како главно јадење или ладни како мезе.
Штипски ќофтиња
Состојки
100 дкг мешано мелено месо, 10 дкг ориз, 2 јајца, мелена црвена пиперка, китка магдонос, лажица брашно, суво луто пиперче, пар лажици сварен домат, зејтин, сол
Подготовка
Сварете го оризот до пола. Во месото ставете го оризот, јајцата, зејтинот, насецканиот магдонос, сол и бибер. Сето добро изгмечете го и од смесата обликувајте ќофтиња. Ќофтињата испржете ги во тава на врел зејтин, па на истиот зејтин потоа пропржете го брашното да пожолти. Во брашното вмешајте го сварениот домат. Готовите ќофтиња наредете ги во сад, декорирајте со пиперка и прелите ги со доматот кој треба да ги покрие ќофтињата. Јадењето печете го во загреана рерна на умерена температура додека не се згусне. Послужете го со свежа салата.
Ќофтиња од тиквички
Состојки
2 тиквички, 2 главици кромид, 2 чешниња лук, 1 морков, 1 јајце, брашно, 3 лажици презла, сол, бибер, 1 лажичка Вегета, 1 лажичка црвен пипер
Подготовка
Тиквиците се лупат и се рендаат, а потоа се цедат од водата која ја содржат. Исцедените тиквици се ставаат во сад со претходно испржените кромид, лук и морков. Целата смеса се меша и се зачинува со сол, бибер, Вегета и црвен пипер. Се додаваат презла, јајце и малку по малку брашно додека не се добие рамномерна густа смеса. Од смесата се формираат ќофтиња и се стваат во фрижидер 30 мин. за да се стегне смесата. Потоа се пржат во тава на врел зејтин.