Рацинов ден во Самобор – 70. годишнина

Рацинов ден во Самобор - 70. годишнина

 

 

 

 

 

 

 

Живописното хрватско гратче Самобор зазема посебно место во македонската културна историја благодарејќи на великанот на македонската книжевност и поетот Коста Солев Рацин. Тој во 1939 година, пред полни седум децении, ја отпечати својата збирка песни „Бели мугри” на македонски јазик токму во Самобор, во печатницата на Драгутин Шпулер и со тоа засекогаш ги соедини македонскиот и хрватскиот народ. По тој повод, на 27 и 28 ноември 2009 година во организација на Заедницата на Македонците во РХ и МКД „Охридски бисер” од Загреб, а под покровителство на Советот за национални малцинства при Владата на РХ, Самоборскиот музеј и Град Самобор, се одржа свечено чествување на овој јубилеј со промоција на репринт изданието „Бели Мугри, 1939-2009“ и откривање на новата Рацинова биста, дело на академикот Томе Серафимовски.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 62.

Comments are closed.