Замина ангелот Тоше Проески

Замина ангелот Тоше Проески

 

 

 

 

Тоше Проески – идолот, иконата, амбасадорот на Македонија, славејот со ангелски глас и хуманист, на 16 октомври 2007 година загина во трагична автомобилска несреќа во близината на Нова Градишка. Со државни и верски почести на 17 октомври 2007 погребан е на Градските гробишта во неговото родно Крушево.

По повод прераната смрт на Тоше Проески во Амбасадата на РМ во РХ беше отворена Книга на жалоста, во која многу Македонци и нивните хрватски пријатели изразија жалост и тага за “македонскиот славеј”.

Македонците и нивните хрватски пријатели на Комеморацијата, која се одржа на 18 октомври во Новинарскиот дом, полни со тага, но и со спомени за неговата песна и младост, се простија од Тоше. Беше одржана и литургија во црквата “Св. Рок” во Загреб, а членовите на МКД “Охридски бисер” му оддадоа почит и во просториите на Заедницата.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 52.

Comments are closed.