Делегација на Комисијата за европски прашања при Собранието на Република Македонија престојуваше во Хрватска во дводневна работна посета на Одборот за европски интеграции на Хрватскиот сабор. Делегацијата ја предводеше Тито Петковски, претседател на Комисијата, со членовите Александар Спасеновски и Сафет Незири. На 10 октомври 2007 година во просториите на Заедницата на Македонците во РХ, организирана е средба на делегацијата со членовите на македонските асоцијации во Хрватска.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 52.











