Состојки
800 гр готови кори, 300 гр спанаќ, 500 гр бело солено сирење, 5 јајца, 1 дцл кисела павлака, зејтин, млеко, сол
Подготовка
Измијте и исецкајте го спанаќот и ставете го да се обари. Барениот спанаќ исцедете го добро и измешајте го со добро изматените јајца и иситнетото сирење. Додадете ја павлаката, посолете и заедно измешајте. Во подмачкана тепсија ставете кора, попрскајте ја со зејтин и премачкајте ја со фил. Така постапувајте додека не ги потрошите корите и филот. Последната кора испрскајте ја со зејтин и млеко и питата печете ја во загреана рерна половина час. Се служи со јогурт.
Пита од спанаќ, праз и сирење
Состојки
500 гр готови кори, 800 гр спанаќ, 4 стракови праз, 250 мл кисела вода, 3 јајца, 300 мл слатка павлака, 100 гр фета сирење, зејтин, сол, бибер
Подготовка
Исчистете го спанаќот, обарете го, процедете го и ситно исецкајте го. Исчистете го празот, исецкајте го на коцки и пропржете го. Потоа во садот со спанаќот додадете го пропржениот праз, изгмеченото сирење, јајцата и павлаката, 70 мл зејтин и посолете и забиберите, па измешајте за да добиете хомогена смеса. Тавата за печење намрсете ја, па ставете две кори. Попрскајте ги со филот, па ставете кора и повторно попрскајте со филот. Редете додека не ги потрошите состојките. Одозгора ставете ја последната кора, па прелијте со кисела вода и печете на температура од 200 степени околу 40 минути.
Пита од спанаќ со кромид и сирење
Состојки
500 гр потенки кори, 250 гр замрзнат или свеж спанаќ, 2 млади кромитчиња, 3 чешниња лук, 50 гр фета сирење, 3/4 чаша млеко, јајце, лажица пченкарен скроб, маслинов зејтин, оригано, сол
Подготовка
Во тава пропржете ги кромидот и лукчињата околу 5 мин. Во посебен сад измешајте го млекото, скробот, ориганото, спанаќот, фета сирењето и јајцето, па во смесата додадете го и кромидот. Загрејте ја рерната на 180 степени, а тавата во кое ќе ја печете питата посипете ја со маслинов зејтин, ставете неколку готови кори на дното, а потоа ставете од смесата рамномерно на целата кора и покријте го со уште два слоја од кори. Повторете додека не ја потрошите целата смеса. На крајот, горната кора премачкајте ја со малку маслинов зејтин. Печете додека питата не добие златно-кафеава боја, околу 30 мин. Откако ќе ја извадите од рерна, покријте ја питата со крпи околу 10 мин, а потоа исечете ја на коцки и сервирајте.










