
- Секоја страна на тревата има своја капка роса.
- Те гледам ко славеј, ми пееш ко гавран.
- Кој рано рани, две среќи граби.
- Пријателот во неволја вреди злато.
- Железото се кова додека е врело.
- Вистината е посјајна од сонцето.
- Подобро е никогаш да не се почне, отколку никогаш да не се заврши.
- Ни лук јал, ни лук мирисал.
- Кој е паметен, не ја става раката помеѓу чеканот и наковалната.
- Водата спие, душманот не спие.
- Големата риба голема вода сака.
- Од една искра голем оган бидува.
- Чесната смрт сиот живот ќе го прослави.
- Кај што не помага збор, таму и стап не помага.
- Рани куче да те лае.
- Мелницата не меле со водата која веќе истекла.
- Лутината е на ѓаволот молитвата.
- Орелот се вие во височината, а на свињата местото и е на буништето.
- Кој сее добрина – жнее добрина.
- Лозјето не бара молитва, бара мотика.
- Едно кројат глувците, а друго крои мачорот.
- Добрите дела тешко одат, а злите ѕвонат како ѕвонци.
- Гатала бабата да нема мраз, а изутрината снег до колена.
- Каде има сила, нема правдина.
- Ништо не користи да се трча – треба навреме да се тргне.
- Она што не го сакаш за себе, не го мисли на друг.
- Помеѓу зборовите и делата, долг е патот.
- Види го прво дрвото, та после седни под него.
- Здравјето е најголемо богатство на човекот.
- Повреди ме со вистината, ама никогаш не ме теши со лагата.
- Не се лоши времињата, туку човекот.
- Бели пари за црни дни.
- Што барал, тоа и нашол.
- Сакое грне си има и капак.
- Магарето го канале на свадба, за да носи дрва и вода.
- Лесно е да се разболиш, тешко е да оздравиш.
- Туѓата кокошка поголеми јајца снесла.
Pravilo o privatnosti