Македонски јазик и книжевност

Македонски јазик и книжевност

 

Македонската книжевна историја започнува со основањето на Лесновската и Охридската книжевна школа во Охрид во југозападна Македонија во 9 век со помош на Св. Климент Охридски. Карактеристично за оваа книжевна школа е единството на јазични и правописни црти и продолжувањето на кирилометодиевската дејност и традиција. Со помош на Охридската книжевна школа народот го пронашол својот народен, јазичен и културен идентитет.

Македонскиот јазик потекнува од прасловенскиот јазик, односно старословенскиот кој го користеле браќата Св. Кирил и Методиј. Тој е јужнословенски јазик и официјален јазик во Република Македонија. Јазикот го зборуваат над 3 милиони луѓе во Македонија, Грција, Бугарија, Албанија и во македонската дијаспора. Македонистика е наука која ги проучува развојот, правописот и другите карактеристики на македонскиот јазик.

Македонската книжевност (литература) е термин кој ги опфаќа пишаните дела на македонски јазик. Таа е поделена на три големи периоди: стара книжевност – од 9 до 18 век, нова книжевност – од 1802 до 1944 и модерна книжевност – од 1944 до денес.

Во втората половина на 19 век за македонските училишта биле издадени посебни учебници од Партениј Зографски, Кузман Шапкарев и други. Во нив во основата бил ставен македонскиот народен јазик и затоа овие учебници одиграле голема улога во будењето на националната свест кај македонскиот народ. Значаен придонес во борбата за употреба на македонски јазик дал Ѓорѓи Пулевски, кој во 1880 година се обидел да издаде и македонска граматика. Исто така, браќата Константин и Димитар Миладиновци, Рајко Жинзифов, Григор Прличев и Јордан Хаџи Константинов – Џинот пишуваат на македонски јазик и се борат да се стави во службена употреба во училиштата. Тука е и великанот Крсте Петков Мисирков со неговото најзначајно дело „За македонцките работи“, а подоцна и Коста Солев Рацин со книгата „Бели мугри“.

На 2 август 1944 на Првото заседание на АСНОМ одржано во манастирот Св. Прохор Пчински, македонскиот јазик се прогласува за службен јазик на македонскиот народ.

 

 

 

 

 

 

Comments are closed.