Атанас Николовски – кајакар

Атанас Николовски - кајакар

Атанас Николовски (22 јуни 1980) е македонски јуниорски шампион од 1998 година во дисциплината кајак на диви води. 15. Место на светската ранг листа во јуниорска конкуренција. Сениорски шампион на Македонија од 2000 до 2010. Во 2004 година се пласираше на 6. место на европскиот шампионат во екипно натпреварување, а како индивидуалец го зазема 19. место. Во 2008 го носеше македонското знаме на 29. Летни олимписки игри во Пекинг, Кина. Во 2009 достигна 14. место на светската ранг листа на трката во Сиднеј, Австралија. Во 2010 година го освои првото место во полуфиналето на трката, а на крајот заврши на 7. место на Светското првенство на реката Тацен, во Љубљана, Словенија. Го носи бронзениот медал од Балканскиот шампионат, победник е и на Илинденскиот кајак – слалом 2010 (ИКАС) на реката Треска кај кањонот Матка и по десетти пат стана првак на Македонија. Прогласен е за најдобар македонски спортист во 2010 година.

 

Comments are closed.