Македонска кинематографија

Македонска кинематографија

.

 

 

Историјата на филмографијата во Македонија започнува уште на почетокот на 20 век, со донесувањето на првата камера на Балканот од страна на браќата Манаки. Иако македонскиот филм нема голема продукција, сепак остварувањата се значајни.

 

Во 1905 г. започнува креативната историја на филмот во Македонија. Според сеќавањата на Милтон Манаки, Јанаки Манаки ја купува филмската камера “Bioscope” производство на “Charles Urban Trading Co”. Со таа камера во родната Авдела браќата ги снимаат првите “живи слики” не само во Македонија, туку и на Балканот. За навек ќе остане забележана нивната 114 години стара баба Деспина.

Во 1952 г. “Вардар Филм” го снима првиот македонски игран филм “Фросина” во режија на Воислав Нановиќ. Подоцна следуваат филмовите “Волча ноќ” во режија на Франце Штиглиц, “Малиот човек” на Жика Чукули, “Мис Стон” на Жика Митровиќ (прв македонски игран филм во боја), “Виза на злото” на Франце Штиглиц, “Три Ани” на Бранко Бауер, “Мирно лето” (прв филм сниман од македонски режисер, Димитрие Османли), “Солунските атентатори” на Жика Митровиќ (прва македонска филмска комедија), “Под исто небо” на Љубиша Георгиевски и Миомир Мики Стаменковиќ, “Денови на искушение” на Бранко Гапо, “До победата и по неа” на Жика Митровиќ, “Мементо” на Димитрие Османли, “Каде по дождот” на Владан Слијепчевиќ, “Македонска крвава свадба” на Тале Попов, “Планината на гневот” на Љубиша Георгиевски, “Време без војна” на Бранко Гапо, “Цената на градот” на Љубиша Георгиевски, “Македонскиот дел од пеколот” на Ватрослав Мимица, “Црно семе” на Кирил Ценевски, “Ембрион No. М” на Петар Глигоровски (прв македонски цртан филм), “Татко” на Коле Ангеловски, “Јад” на Кирил Ценевски и други.

     

Во 1976 г. почнува со работа Кинотеката на Македонија. Од тој период снимени се филмовите “Најдолгиот пат” на Бранко Гапо, “Пресуда” на Тале Попов, “Исправи се Делфина” на Александар Ѓурчинов, “Време, води” на Бранко Гапо, “Оловна бригада” на Кирил Ценевски, “Црвениот коњ” на Столе Попов, “Јужна патека” на Стево Црвенковски, “Нели ти реков” на Стево Црвенковски, “Јазол” на Кирил Ценевски, “Среќна Нова ’49” на Столе Попов, “Хај-Фај” на Владимир Блажевски, “Викенд на мртовци” на Коле Ангеловски и други.

 

 

Од 1991 г. снимени се филмовите “Тетовирање” на Столе Попов, “Македонска сага” на Бранко Гапо, “Пред дождот” на Милчо Манчевски, “Ангели на Отпад” на Димитрие Османли, “Џипси Меџик” на Столе Попов, “Преку езерото” на Антонио Митриќески, “Збогум на 20 век” на Александар Поповски и Дарко Митревски, “Маклабас” на Ацо Станковски, “Време, живот” на Иван Митевски, “Прашина” на Милчо Манчевски, “Како лош сон” на Антонио Митриќески, “Тајната книга” на Владо Цветановски, “Глува куќа” на Иво Трајков, “Како убив светец” на Теона Митевска, “Година на надежта” на Светозар Ристевски, “Големата вода” на Иво Трајков, “Илузија” на Светозар Ристевски, “Бал-кан-кан” на Дарко Митревски, “Контакт” на Сергеј Станoјковски, “Сенки” на Милчо Манчевски, “Превртено” на Игор Иванов, “Мајки” на Милчо Манчевски и други.

   

 

Comments are closed.