Петре Прличко – актер

Петре Прличко - актер

Петре Прличко е еден од најпознатите македонски актери во театарската и филмската уметност. Со околу 8000 претстави, 32 филма, 6 драмски текста, 11 драматизации и дваесетина телевизиски улоги, тој е вистинска легенда на македонското глумиште во 20 век.

Роден е во Велес на 13 март 1907 година. И покрај тоа што бил запишан во гимназија, не останал долго време таму. Во 1923 година ја напушта гимназијата и се приклучува кон патувачкиот театар на Мијхало Лазиќ. Откако прошетал низ неколку театарски дружини, во 1931, охрабрен од начинот на кој го примила публиката, тој основа свој сопствен театар “Боем”.

Од 1939 членувал во Народниот театар во Скопје, па од 1944 во партизанскиот театар „Кочо Рацин“ кој подоцна прераснува во Македонскиот народен театар. Токму тука неговиот талент блеснува во полн сјај и тој станува доајен на македонската сцена во тоа време. Со своите импресивни изведби на улоги на „човек од народот“ го истакнува својот посебен уметнички сензибилитет. Го испробува својот талент и како театарски режисер. Играл главни улоги и во многу филмови од кои најпознати се: Фросина – 1952, Волча ноќ – 1955, Мис Стон – 1958, Мирно лето – 1961, Солунските атентатори – 1961, Твојот роденден – 1961, Денови на искушение – 1965, До победата и по неа – 1966, Македонска крвава свадба – 1967, Мементо – 1967, Планината на гневот – 1968, Републиката во пламен – 1969, Македонски дел од пеколот – 1971, Време, води – 1980, Време, живот – 1999.

Добитник е на многу награди и признанија: „Златна арена“ за главна улога во филмот „Мис Стон“, АВНОЈ, „11 Октомври“, „Бранко Гавела“, „Славица“ за животно дело, Орден за заслуга и други. Петре Прличко почина на 16 ноември 1995 година во Скопје.

Comments are closed.