Манифестацијата „Денови на глаголицата во Истра“ која се одржа во организација на Заедницата на Македонците во РХ, а под покровителство на Советот за национални малцинства при Владата на РХ, започна со студиско патување по „Алејата на глагољашите“, сместена помеѓу Роч и Хум, каде се наоѓаат 11 споменици, меѓу кои на Св. Кирил и Методиј и на Св. Климент. Членовите и гостите на МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Истра, на 24 мај, во чест на „Св. Кирил и Методиј“ го поминаа овој пат и се потсетија на животот и делото на светите браќа.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 77.