Мијачки вез

Мијачки вез

 

Мијачкиот вез e посебно интересен македонски вез, во кој можеме да бараме повеќе елементи на стари културни традиции со оглед на поголемата зачуваност на мијачката носија. Имено, населението од неколку мијачки села, Ореше и Папрадиште (Велешко), Смилево (Битолско) и Ехловец (Кичевско), кое мигрирало од својот матичен предел Мала Река уште во текот на 18. век, благодарение на својата етничка жилавост, ја зачувало до денес својата богато везена носија скоро во непроменет вид, а на чие создавање и формирање уште пред мијачките миграции без сомнение и претходел еден релативно подолг временски период.

 

Во мијачкиот вез доминираат линеарно-геометриски мотиви во интензивна црвена боја. Богатиот алов и „кинатица“ – ажуриран вез, главно е застапен на женската носија, и тоа претежно распореден на ракавите и предниците – „партите“ од кошулата. За некои женски кошули типични се белите везови во долниот дел, најчесто во ажурна техника со функција на соединувачки шев, познати како „чикмиња“ (Мијаци, Дебарски и Струшки Дримкол, Струшко и Охридско поле, Горна и Долна Преспа и Леринска Река).

 

Comments are closed.