Ситната и префинета релјефна орнаментика, како и извонредно оригиналната орнаментална композиција (триаголници, четириаголници, многуаголници, ромбови и крстови во различни комбинации), им даваат карактеристичен печат на везените кошули од Дебарски и Струшки Дримкол, од Струшко и Охридско поле. Везовите на кошулите се изведени со волнен, свилен или памучен конец и преставуваат вистинска орнаментална цветна градина, зошто тука цветните стилизации достигнале најширока примена и најреална интерпретација на природните форми. Со посебни естетски и технички квалитети се истакнуваат струшките и охридските „сокаи“ за на глава, везени со свила или волна, во чија орнаментика доминираат геометриските мотиви.
Сл. 1 – Струшки Дримкол, почеток на 20. век. Вез на ракав од невестинска кошула, везен со црна и црвена волна.
Сл. 2 – Струшки Дримкол, почеток на 20. век. Вез на ракав од невестинска кошула, везен со црна, црвена и жолта волна.
Сл. 3 и 4 – Струшки Дримкол, почеток на 20. век. Вез на ракав од женска кошула (детал), работен со портокалова, модра и зелена волна.
Сл. 5 – Струшко поле, почеток на 20. век. Вез на женска шамија за глава, работен со темноцрвена и црна свила.
Сл. 6 – Струшко поле, почеток на 20. век. Вез на ракав од женска кошула, везен со црна и црвена волна.
Сл. 7 – Струшко поле, почеток на 20. век. Вез на невестинска шамија за глава, работен со темнцрвена и жолта свила, и црна волна.
Сл. 8 и 9 – Струшко поле, 19. век. Вез на невестински превез („сокај“), работен со темноцрвена и жолта свила, и црна и модра волна.
Сл. 10 и 11 – Струшки вез (детал)