Народни досетки

Народни досетки

  • Ако во кутија од кибрит има само едно чкорче, а ти влегуваш во темна просторија, што прво ќе запалиш: свеќа или плинска печка? (чкорчето :))
  • Колку краја имаат два и пол стапа? (шест :))
  • Кој врв беше највисок на светот, пред да биде откриен врвот Монт Еверест? (Монт Еверест :))
  • Колку родендени има човек на 30 години? (само еден :))
  • Еднаш во минутата оди, двапати во моментот, а никако во илјада години? (буквата М :))
  • Некои месеци содржат 30 дена, некои 31, а колку месеци содржат 28 дена? (сите :))
  • Што е разликата меѓу џунглата и чевлите на пијаницата? (во џунглата има повеќе мајмуни :))
  • Кои две нешта не можеш да ги имаш за доручек? (ручек и вечера :))
  • Четворица пријатели оделе на дождот, на тројцата им искиснале косите, а на четвртиот не? (четвртиот бил ќелав :))
  • Во десниот агол на кравја штала се наоѓаат кравите. Каде ќе бидат биковите? (во шталата за бикови :))
  • Биле двајца добри касапи, едниот висок, другиот низок. Високиот му е татко на нискиот, а нискиот не му е син на високиот? (татко и ќерка :))
  • Го зема од умот твој, го става во бело дрво од каде никогаш не може да излезе, а сите го употребуваат? (молив :))
  • Колку јаболка можеш да ставиш во празна торба? (само едно :))
  • Што е разликата помеѓу 100 и 1000? (само една нула :))
  • Кој дел од Лондон е во Франција? (буквата Н :))
  • Разговараат два човека: Твојата мајка е свекрва на мојата.  Што биле тие?  (татко и син :))
  • Мојата татковина е Арабија, во Европа ме викаат црнче, и сите ме сакаат и ме бањаат во жешка вода? (кафе :))
  • Колку се двајца татковци и двајца синови? (тројца :))
  • Зошто мајката малечкото девојче го облекува во розе, а машкото во сино? (затоа што не можат сами :))
  • Зошто ластовиците и некои други птици во зима летаат на југ? (затоа што е далеку за пешки :))
  • Дали е дозволено човек да се ожени со сестра на своја вдовица? (не оти е умрен :))
  • До каде зајакот бега во шумата? (до среде шумата :))
  • Македонски авион се урнал на хрватско-словенската граница. Каде ќе бидат закопани преживеаните патници? (никаде оти преживеале :))
  • Ти си мој син, јас не сум ти татко. Што сум ти јас? (мајка :))
  • Три девојки под еден чадор и ниту една не искиснала? (не врнело дожд :))
  • Кога волот е најтежок? (кога ќе те нагази :))
  • Зошто на мажите косата им побелува порано, а мустаќите подоцна? (затоа што косата е постара :))
  • Каде волот има најмногу месо? (под кожата :))
  • Ако лекар ти даде 3 таблети да ги пиеш на разлика од половина час, колку време ти треба да ги испиеш? (еден час :))
  • Колку залаци човек може да изеде на гладно срце? (само еден :))
  • Ако отидеш на спиење во 8 часот, а го навиеш часовникот во 9 часот наутро, колку часови ќе спиеш? (само еден :))
  • Кога зајакот ќе наврши една година, што прави? (оди во две години :))
  • Кога патката почнува да плива? (кога ќе влезе во вода :))
  • Зошто Крале Марко јаваше на бел коњ? (оти не беше црн :))
  • Дали може ноќен чувар да земе пензија ако умре дење? (не може оти е умрен :))
  • Некој селанец имал 29 овци. Сите му умреле освен 6. Колку овци му останале? (шест :))

Comments are closed.