Пајтон

Пајтон

 

Пајтонот бил најраспространето и најстаро превозно средство во градовите во Македонија. Пајтони се увезувале од Виена, но биле правени и во Скопје и Битола. Нив  обично ги влечеле пар коњи, но имало и такви со еден коњ, а биле отворени или затворени во зависност од временските услови.

 

Пајтонот на Робеви од Битола е најстариот пајтон денес во Македонија и е единствениот останат и грижливо оддржуван, бидејќи е стар преку 150 години. Тој е полн со историја. Токму на него своевремено се возел и Кемал Ататурк, но и бројните битолски уредно дотерани конзули, додека тркалата од пајтонот полека кружеле по битолската калдрма.

 

Comments are closed.