Ацо Шопов

Ацо Шопов

 

Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 – Скопје, 20 април 1982), бил македонски академик, поет и преведувач, еден од основоположниците на модерната македонска литература. Во Штип завршува основно училиште и гимназија, а Филозофски факултет во Скопје. Бил активен учесник во НОБ од 1941 година. По ослободувањето, работи и живее во Скопје, каде бил уредник на литературните списанија „Иднина“, „Нов ден“, „Современост“ и др., главен уредник на издавачката куќа „Кочо Рацин“ и нејзин директор. Претседател на ДПМ, претседател на Советот на СВП, претседател на Републичката комисија за културни врски со странство и претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија. Амбасадор во Сенегал (1972 – 1976). Член на МАНУ. Член на македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од неговото основање (1947).

 

Автор е на книгите: Песни (1944), Пруга на младоста (поезија заедно со С. Јаневски, 1947), На Грамос (поезија, 1950), Со наши раце (поезија, 1950), Стихови за маката и радоста (поезија, 1952), Слеј се со тишината (поезија, 1955), Ветерот носи убаво време (поезија, 1957), Небиднина (поезија, 1963), Јус-универзум (сатирични песни, 1968), Гледач во пепелта (поезија, 1970), Песни за црната жена (поезија, 1976), Дрво на ридот (поезија, 1980). Избори: Песни (1963), Раѓање на зборот (1966), Песни (1967), Избор (1968), Златен круг на времето (1969), Поезија (одбрани дела кн. 1 и 2, 1976), Океанот е мал, човекот е голем (1977), Лузна (1981), Избор од поезијата (1987), Небо на тишината (1990), Гледач во пепелта (1991), Поезија (избор кн.1, 1993), Шопов во светот, Шопов од светот (избор кн. 2, 1993).

 

Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Браќа Миладиновци“, „11. Октомври“, „Змаеви детски игри“ и „АВНОЈ“.

Comments are closed.