На 26 јуни 2013 година во Задар беше отворена изложбата „Творештво на македонски уметници во Хрватска“ во просториите на Научната библиотека. Тоа е културна манифестација која во Хрватска се одржува на ниво на Заедницата на Македонците во РХ, а во Задар беше организирана од страна на МКД „Билјана“. Целокупната изложба на слики и графики е инспирирана од животот на големиот Кочо Рацин и неговата збирка „Бели мугри“.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 83.













