Претседателски избори во Македонија
Драги Македонки и Македонци кои живеете, работите или престојувате подолго од 3 месеци во Р. Хрватска.
Од 16.02.2014 година, Амбасадата на РМ во Загреб Ви е отворена секој ден од 08:30 до 19:00 часот заклучно со 07.03.2014 година, за да проверите дали го има Вашето име во Избирачкиот список.
На 12.04.2014 година ќе се одржат редовни избори за претседател на Република Македонија. Бидете и Вие оние што ќе го дадат гласот за да избереме најдобар претседател за нашата Македонија.
Повелете во Амбасадата на овој ден.
Со гордост македонска гласајте за доброто на Македонија.
Со почит,
Амбасадор
Даниела Караѓозоска





