Промоција: „Македонско-хрватска тангента“ во Скопје

Промоција: „Македонско-хрватска тангента“ во Скопје

 

 

 

Книгата „Македонско-хрватска тангента“ од авторот Сашо Георгиевски во издание на Заедницата на Македонците во РХ, на 16 октомври 2014 година беше претставена пред македонската јавност. Во Салонот 19,19 во Културниот центар во Скопје, за книгата говореа хрватскиот амбасадор во Македонија, проф. д-р Златко Крамариќ, поранешниот македонски амбасадор во Загреб, м-р Данчо Марковски, проф. д-р Сњежана Тројачанец, како претставник на Заедницата на Хрватите во Македонија, проф. д-р Васил Тоциновски, како претставник на Заедницата на Македонците во Хрватска, а свое видување од аспект на новинарската фела дадоа Александар Дамовски, главен уредник на порталот МКД.мк и Слаѓана Димишкова, уредник во „Вечер“ и претседателка на Македонската асоцијација на новинари.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 91.

Comments are closed.