Хуманитарна помош за поплавените во Македонија!

Хуманитарна помош за поплавените во Македонија!

 

Почитувани,

Поради големите поплавите во цела Македонија, Амбасадата на Република Македонија во Загреб собира помош за настраданите во поплавите.

Сите заинтересирани Македонци, како и хрватски граѓани, доколку сакаат да помогнат, можат да ја достават хуманитарната помош во просториите на Амбасадата на адреса Краља Звонимира 6/1, Загреб, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

Донации во финансиски средства можат да се уплатат на Амбасада на РМ во РХ, Краља Звонимира 6/1, Загреб: HR2323600001501442004 Загребачка банка.

НАПОМЕНА: Ве молиме да донирате храна и пијалоци кои не се расипуваат, како и чиста облека.

Со почит,

Амбасадор на Р. Македонија во Р. Хрватска

Н.Е. г-ѓа Даниела Караѓозоска

ИНФОРМАЦИЈА за сите добронамерни луѓе кои сакаат да помогнат: телефонски автомат за донирање не постои, може да се донира на жиро сметката на Амбасадата или директно во Амбасадата.

 

 

Comments are closed.