Нова книга: Убавиот збор и железна врата отвора – Елизабета Петровска

Нова книга: Убавиот збор и железна врата отвора – Елизабета Петровска

  

  

  

  

Уште едно ново дело во 2015 година го збогати издаваштвото на Заедницата на Македонците во РХ. Книгата кратки фолклорни жанрови од македонското народно творештво со наслов „Убавиот збор и железна врата отвора“ ја приреди Елизабета Петровска, поетеса и член на МКД „Охридски бисер“ од Загреб, а финансиски ја поддржа и Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб. Книгата содржи 7 поглавја со избор на најпознатите и најупотребуваните древни творби на усната народна филозофија, како што се: пословици, поговорки и мудрости, гатанки, прашанки и досетки, брзозборки и броеници, благослови и здравици, клетви и заклетви, соништа, верувања и баења, народни преданија и анегдоти.

Книгата беше промовирана на 26 ноември во рамките на „Деновите на македонската култура“ во Градската библиотека Самобор во организација на ЗМРХ и МКД „Охридски бисер“, а за неа зборуваа проф. д-р Васил Тоциновски и авторката.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 98.

Comments are closed.