На 28 ноември 2015 година во Самобор, во организација на Заедницата на Македонците во РХ и МКД „Охридски бисер“ од Загреб, а под покровителство на Советот за националните малцинства на РХ и Самоборскиот музеј, се одржа традиционалната културна манифестација „Рацинов ден – Бели мугри“. Во оваа прилика беше претставена и книгата „Лов на елени“ од проф. д-р Васил Тоциновски, во која се зборува за македонско-хрватските книжевни врски низ историјата.
Истиот ден вечерта, под покровителство на Советот за националните малцинства на РХ, во преполната сала на гимназијата „Антун Густав Матош“ во Самобор, се одржа традиционалната културна манифестација „Ден на Заедницата на Македонците во Република Хрватска“. На настанот учествуваа шесте македонски културни друштва кои делуваат во составот на ЗМРХ.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 98.




















