На 30 јули 2016 година, парк шумата „Голубињак“ беше исполнета со мноштво весели и горди луѓе. Македонците и нивните пријатели од сите друштва и градови од Хрватска дојдоа во познатото излетничко место во Горски Котар, Општина Локве, традиционално да го прослават најголемиот македонски национален празник Илинден. Годинава за централната прослава имаше уште еден голем повод – се празнуваше и јубилејниот 25. роденден на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и Македонското културно друштво „Илинден“ од Риека, кои се воедно и организатори на оваа манифестација.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 102.





























