Дајре

Дајре

  

Дајрето е македонски народен ударен инструмент кој се користи за одржување на ритам. Тоа е вид на мал, рачен тапан, округол по облик со една опна направена од козја кожа, растегната на дрвен, а поретко и на метален обрач. По должината на обрачот врежани се отвори во кои се вметнати прапорци или метални округли плочки во парови, кои призведуваат кус, кршлив звук кога свирачот удира по него со рачниот зглоб и прстите.

  

Инструментот се тресе или удира по рака или по тело, или пак се струга по опната или по обрачот, при што прапорците ѕвечкаат. По обичај, дајрето е женски инструмент и се користи на слави, свадби, веселби.

Comments are closed.