Дудук

Дудук

  

Дудукот е македонски народен дувачки инструмент, со зарамнет крај. Се прави од дреново, јаворово или други дрва, има шест дупки и го има во две големини: 700-780 мм и 240-400 мм (дудуче). Свирењето на дудукот е прилично лесно и затоа е широко застапен низ Македонија.

Звукот му е чист и пријатен. Дудукот свири две октави, со дијатонички и хроматски тонови. При свирењето, инструментот се држи вертикално пред телото.

Comments are closed.