Зурла

Зурла

  

Зурлата е македонски народен дувачки инструмент направен од оревово или сливово дрво. Се состои од два дела: конусна цевка и славец кој се вметнува во горниот крај. Зурлата има седум дупки и една палчена дупка од задната страна, како и издувни дупки при долниот дел и трска со диск на горниот.

При свирење, зурлата се држи со двете раце под агол од  45° во однос на видното поле. Прстите од левата рака работат со долните четири дупки, додека прстите од десната работат со горните дупки и палчената дупка. Сплесканата трска се става цела во устата, а усните се допираат со металниот диск (медник) кој им помага на образните мускули. За свирење на овој инструмент потребна е техника на кружно дишење.

  

Зурлата свири две октави од приближно природната скала. Овој инструмент има карактеристичен, многу гласен и продорен звук и речиси секогаш е придружувана од тапани. Стандардна комбинација се две зурли и два тапана.

Comments are closed.