И оваа 2017 година група од 56 деца со нивните водители од сите поголеми градови во Хрватска од 30.07.-06.08. присуствуваа на училиштето по македонски јазик и култура со работилници во летниот камп „Еуроклуб“ на островот Шолта. Летниот камп е во организација на Заедницата на Македонците во РХ и МКД „Македонија“ од Сплит, а финансиран e од Министерството за наука, образование и спорт на РХ.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 108.


























